Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер е межеби екипата која најдолго нема одигано официјален натпревар , а сега је очекува меч од Европската ракометна лига. Битолчани ги привршуваат последните подготовки за натпреварот против ГОГ Гудме во Данска, следниот вторник од 18:45 часот.
Повеќе од осум месеци поминаа откако екипата на Жељко Бабиќ последен пат излезе на мегдан во европски дуел, а капитенот Градимир Чаневски пренесува со каква желба битолчани чекаат на овој дуел.
„Имавме доста време да се подготвиме. Ни недостигаат натпревари и самото одложување на натпреварот против Татабања направи да патуваме во Данска без ниту еден одигран дуел. Тие се во натпреварувачки ритам, одиграа половина есенски шампионат и еден натпревар во Европа, во Швајцарија. Се подготвувавме, одиме да се натпреваруваме, не знаеме до каде сме сè уште“, изјави Чаневски.