ЕХФ го одложи мечот на Металург против Висла во ново формираното натпреварување Лигата на Европа откако во таборот на Металурзите има неколку заболени со ковид-19.
Имено, уште еден играч на тимот од Автокоманда“ покажал симптими и имал позитивен тест на корона-вирусот пред натпреварот со Младос Богданци па затоа целата екипа е ставена во карантин од 14 дена.
Металург сега има двајца позитивни ракометари и еден член на стручниот штаб. ЕХФ според практиката ќе треба да определи нов термин за мечот со Полјаците.

