Борко Ристовски од Вардар и Никола Митревски од Порто блеснаа на вечрашниот меч одигран во Скопје во Лигата на шампионите.
Ристовски имаше 18 одбрани а успеа да постигне и четири голови по што сосема заслужено е прогласен за МВП на колото. Митревски пак по втор пат во серија ја има најубавата одбрана гледано на сите мечеви од тековното коло.
Еве го идеалниот тим на 5-то коло. Голман: Борко Ристовски (Вардар), лево крило: Тилен Кодрин (Целје), лев бек: Сандер Сагосен (Кил), среден бек: Игор Карачиќ (Киелце), десен бек: Алекс Душебаев (Киелце), десно крило: Никлас Екберг (Кил), пивот: Виктор Итуриза (Порто)

