Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»„Кралевите“ го добија првото сезонско „Ел Класико“
    Фудбал

    „Кралевите“ го добија првото сезонско „Ел Класико“

    risteBy riste24/10/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид како актуелен шампион на „Ла Лига“ гостуваше кај својот најголем ривал Барселона и од „Камп Ноу“ се враќа со целиот плен откако ставеше со 1:3.

    Првото овосезонско „Ел Класико“ му припадна на Реал Мадрид со што сега имаат преднос од шест бода во однос на Барселона. Првото сезонско соочување на двата тима помина добро за „кралевите“, а најзаслужен за оваа победа беше Серхио Рамос кој по еден дуел и невнимание на Ленгле кој го повлече Рамос во својот шеснаесетник, го натера судијата Мунуера да се консултира и со ВАР-собата, па по прегледување на снимките да досуди пенал за Реал, кој сигурно го реализираше самиот Серхио Рамос во 63-та минута и му донесе предност на Реал Мадрид од 2:1.

    Во првото полувреме Реал поведе со голот на Валверде во 5-та минута, а Ансу Фати израмни во 8-та минута. До финишот на првиот дел блескаа голманите Тибо Куртоа и Нето кои имаа одлични одбрани против Меси и Бензема. Во последната минута гостите ја потврдија победата откако Лука Модриќ успеа да постигне гол и да стави печат на победата на гостувањето кај Барселона.

    Со оваа победа Реал Мадрид е лидер со 13 бода, пред Реал Сосиедад и Виљареал кои имаат по 11 освоени бодови, додека Барселона го доживеа вториот пораз во серија во Ла Лига и се наоѓаат на десетото место, ама може да одат подолу во зависност од резултатите на останатите натпревари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.