Реал Мадрид како актуелен шампион на „Ла Лига“ гостуваше кај својот најголем ривал Барселона и од „Камп Ноу“ се враќа со целиот плен откако ставеше со 1:3.
Првото овосезонско „Ел Класико“ му припадна на Реал Мадрид со што сега имаат преднос од шест бода во однос на Барселона. Првото сезонско соочување на двата тима помина добро за „кралевите“, а најзаслужен за оваа победа беше Серхио Рамос кој по еден дуел и невнимание на Ленгле кој го повлече Рамос во својот шеснаесетник, го натера судијата Мунуера да се консултира и со ВАР-собата, па по прегледување на снимките да досуди пенал за Реал, кој сигурно го реализираше самиот Серхио Рамос во 63-та минута и му донесе предност на Реал Мадрид од 2:1.
Во првото полувреме Реал поведе со голот на Валверде во 5-та минута, а Ансу Фати израмни во 8-та минута. До финишот на првиот дел блескаа голманите Тибо Куртоа и Нето кои имаа одлични одбрани против Меси и Бензема. Во последната минута гостите ја потврдија победата откако Лука Модриќ успеа да постигне гол и да стави печат на победата на гостувањето кај Барселона.
Со оваа победа Реал Мадрид е лидер со 13 бода, пред Реал Сосиедад и Виљареал кои имаат по 11 освоени бодови, додека Барселона го доживеа вториот пораз во серија во Ла Лига и се наоѓаат на десетото место, ама може да одат подолу во зависност од резултатите на останатите натпревари.