Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бартомеу: „Одлуката за оставка беше добро размислена“
    Фудбал

    Бартомеу: „Одлуката за оставка беше добро размислена“

    risteBy riste28/10/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Претседателот на Барселона Хосеп Марија Бартомеу синоќа поднесе оставка пред гласањето за недоверба што треба да се одржи следниот месец, откако околу 20 000 навивачи потпишаа петиција со која бараа негова оставка. Оставка поднесе и останатиот дел од бордот на директори.

    57-годишниот Бартомеу се соочи со зголемено незадоволство во текот на изминатата година како резултат на влошената финансиска состојба на клубот и слабите резултати на екипата, што кулминираше со пораз од 2:8 од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите во август.

    Бартомеу е сериозно критикуван откако првата sвезда Лионел Меси побара трансфер во текот на летото, а приврзаниците побараа оставка од претседателот. Бартомеу се обиде да ја убеди каталонската влада да го одложи гласањето за недоверба поради пандемијата на коронавирусот.

    Бартомеу во својот говор ја нарече одлуката на владата како неодговорна, му се заблагодари на клубот и рече дека не можел да поднесе оставка порано.

    „Најлесно беше да си дадам оставка по поразот од Баерн Минхен, но мораше да се донесат одлуки кои треба да ја поправат ситуацијата по невидената глобална криза“, рече Бартомеу.

    „Кој би гарантирал дека Меси ќе остане? Кој би ангажирал нов тренер?” рече Бартомеу, кој ја презеде функцијата во Барселона од Сандро Росел во 2014 година.

    Меси побара да го раскине договорот во август, но на крајот реши да остане за оваа сезона бидејќи не сакаше да влезе во судска битка со клубот.

    Откако ја смени одлуката да си замине, Аргентинецот продолжи да го напаѓа Бартомеу во интервју во септември, кога раководството на клубот го опиша како „катастрофа“. Тој исто така ја критикуваше Барселона за третманот кон Луис Суарез, кој го напушти клубот и се пресели во Атлетико Мадрид.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.