Нашите најдобри ракометари денеска од 20.00 часот во СЦ Борис Трајковски пред празни трибини поради кризата со ковид-19, ќе се сретнат со селекцијата на Финска во рамките на првото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Селекторот, Данило Брестовац, кој остана без Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски, кои се позитивни на корона-вирусот, дополнително ги повика Гоце Георгиевски и Велко Маркоски.
Промени нема да има во стручниот штаб иако тренерот на голманите, Александар Царчев и помошните тренери, Раде Стојаноновиќ и Никола Матлиески исто така се во изолација. Тоа значи дека Ице Соколески е единствениот кој ќе му прави друштво на Брестовац на клупата.

