Македонската ракометна репрезентација денеска заминува за Швајцарија каде утре ќе ги продолжи настапите во квалификациите за ЕП. Со чартер лет од Скопје, Брестовац на пат понесе 17 ракометари чии тестови и на последното тестирање беа комплетно негативни.
Македонија во Шафхаузен ќе биде посилна за Кукулоски кој заедно со оние 16 со кои Брестовац настапи против Финска во Скопје патува за Швајцарија. Дуелот со Швајцарците го играме в сабота од 18.30 часот.

