Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија со голема победа во Швајцарија
    Ракомет

    Македонија со голема победа во Швајцарија

    risteBy riste07/11/2020No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија се враќа од Швајцарија со остварена победа над домашната селекција со 25:23 и остварена цел од оваа средба. Македонија беше подобра во финишот од натпревароти сосемазаслужено дојде до победа која може да биде многу важна во битката за пласман на ЕП 2022 година.

    Натпревраот почна со неколку не искористени напади на двете репрезентација, а Македонија прва поведе со голот на Талески, но домашаната репрезентација веднаш возврати. Во 8.минута Македонија со головите на Лазаров и Стоилов дојде до предност од 4:2, која ја одржуваа нашите репрезентативци по 10.минути игра во првото полувреме. Со серија од 2 гола домашната селекција успеа да го израмни резултатот во 13.минута, за по две минути Македонија повторно да се врати во водство од 5:4, со голот на голманот Митревски.

    Со головите на Стоилов и Кузмановски во 17.минута, Македонија повторно се врати во позитива од плус 2 (7:5). По 20.минути игра Македонија успеа да ја задржи предноста од два гола и водеше со 8:6, со голот на Стоилов кој погоди од 6 метри. На 5 минути пред крајот на првиот дел нашата репрезентација одржуваше предост и водеше со 9:8, но во 27.минута Швајцарија израмни на 9:9. Швајцарија прв пат дојде до водство на истекот на 29.минута кога со голот на Шмид на празен гол дојдоа до предност од 10:9, па последниот напад во првиот дел го имаше нашата репрезентација, а преку Лазаров успеа да го израмни резултатот и со 10:10 да се замине на одмор.

    Вториот дел Македонија го отвори со голот на Лазаров за водство од 11:10, а Швајцарија возврати и израмни на 11:11. По 5минути игра во вториот дели понатаму беше изедначено,12:12, но потоа Швајцарија дојде до второто водство на средбата со 13:12, но со голот на Лазаров од седум метри Македонија израмни на 13:13. Неколку минути се играше гол за гол, со тоа што Швајцарија за прв пат поведе со два гола разлика во 43.минута (15:17), а потоа поведоа и со 15:18. Со два брзи гола Македонија успеа веднаш да се врати резултатски и да намали на 17:18 , а со голот на Лазаров и да израмнат на 18:18 во 47.минута.

    Македонија со голот на Кузмановски повторно се врати во водство 19:18, а благодарение на голотна Талески и серијата 5:0 дојдовме до водство од 20:18 на 9.минути до крајот на мечот. Во последните 5 минути од натпреварот Македонија влезе со предност од 22:20 со голот на Георгиевски од крилна позиција, за потоа со голот на Мишевски на 3 минути пред крајот да дојдеме до предност од 3 гола разлика (23:20). Швајцарија намали на 23:21, но Георгиевски повторно погоди за 24:21, сепак домашната екипа постигна без гол и во 59.минута намалија на 24:22.

    Во последната минута Стоилов изнуди седум метри, а Лазаров реализираше за 25:22, но Лиер намали на 25:23 што беше и конешен резултат на оваа средба.

    Најефикасен во нашата селекција беше капитенот Кире Лазаров со 6 постигнати гола, Стоилов 5, Кузмановски и Георгиевски по 4 погодоци, додека кај Швајцарија Шмид постигна 6 гола.

    На голот на нашата репрезентација во првиот дел беше одличен со 7 одбрани, а во вториот дел исто така одличен на нашиот гол бешеТомовски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.