Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Девана Бонер во дресот на Македонија на квалификациите во Рига
    Кошарка

    Девана Бонер во дресот на Македонија на квалификациите во Рига

    sasoBy saso11/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По две години „чекање“, сјајната Американка конечно во „црвено-жолтиот“ дрес на нашиот женски сениорски национален тим. Девана Бонер, kошаркарката на Конектикат Сан ќе биде дел од нашиот национален тим за овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА, односно турнирот кој во текот на оваа седмица ќе се одржи во Рига.

    Оваа 33 годишна кошаркарка ја има зад себе веројатно и една од најдобрите сезони во својата долга кариера во ВНБА лигата. Vажи за трет стрелец во најквалитетната женска кошаркарска лига на светот. Сезоната ја заврши со просек од 19.7 поени по натпревар. Шести „крадец“ е во лигата, затоа што во просек освојува по 1.68 топки по меч, а во исто време и десетти скокач, ако се знае дека во просек има по 7.8 скока по натпревар.

    Во два наврати беше прогласувана и за играч на неделата во Источната конференџија на ВНБА лигата во гласањето на сите тренери во оваа конкуренција.

    По цели две години, конечно, Девана Бонер ќе дебитира во „црвено-жолтиот“ дрес на нашиот женски сениорски национален тим.

    Колку си подготвена по оваа релативно долга пауза по завршувањето на натпреварите во ВНБА лигата?

    „Сигурно е дека ќе бидам малку заморена. Но имав неколку тренинзи со тимот, прво во Охрид, сега и тука во Рига, па се надевам дека тоа ќе помогне да бидам подготвена за натпреварите“ –  вели нашиот најсилен адут во овие квалификации.

    Нејзините први впечатоци по доаѓањето во Македонија…

    „Ова е првпат да се сретнам со тимот и со тренерите. Но сакам да истакнам дека сите се навистина пријатни и со нетрпение очекувам да дознаам уште повеќе за нив. Девојките се навистина млади! Тие работат навистина напорно и сакаат да бидат подобри и да победат… Среќна сум што сум со нив во тимот“- објаснува секогаш расположената Американка.

    Хрватска и Германија се нашите противници на турнирот во Рига. Твоите очекувања за овие два натпревари во квалификациите?

    „Искрено, не знам многу за Хрватска или Германија. Но се надеваме дека можеме да се натпреваруваме со нив и да победиме“- секогаш звучи оптимистички двократната шампионка во WNBA лигата

    Дали следниот ангажман на Девана Бонер ќе биде во Европа, од каде може полесно да „комуницираш“ со колешките од репрезентацијата на Македонија?

    „Не го знам мојот следен ангажман, односно дали ќе бидам во Европа. Во моментов сум посветена на овие натпревари во Рига. Ќе се вратам дома во САД, тоа е јасно. Но, следното лето сум повторно со Конектикат Сан во WNBA“- потврдува Бонер.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.