Македонската фудбалска репрезентација како учесник на ЕУРО денес треба да го одигра петтиот натпревар од својата група во Лигата на нации. Противник на нашата селекција денес ќе биде селекцијата на Естонија со која во Талин одигравме 3:3, а до тој резултат стигнавме во последните моменти од натпреварот.
Селекторот Игор Ангеловски за оваа средба нема да може дасмета на неколку стандардни првотимци кои од различни причини го пропуштаат крајот на оваа сезона во Лигата на нации односно последните две кола. И во ваков случат Ангеловски верува дека квалитетот е на наша страна и дека овие играчи сега како идни учесници на ЕП треба да покажат квалитет и да го потврдат она што го направија пред само неколку дена.
Без капитенот Пандев, Алиоски, Адеми, Димитриевски кои настапија во Тбилиси и без Велковски и Барди кои претходно беа надвор од комбинација за настап,Македонија ќе мора да победи доколку сакаат да останат во трка за првото место во групата 2 од Ц сегментот на Лигата на нации.
Во моментов , Македонија е лидер со 6 бода,колку што има и Грузија која денес ја пречекува Ерменија која е со бод помалку на трето место. Со победа на оваа средба,нашата селекција во последното коло ќе влезе како првопласирана и ќе биде во добра позиција пред конкурентите за освојување на првото место кое ќе не однесе скалило погоре, односно во Б лигата од Лигата на нации.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра денес на арената „Тодор Проески“ со почеток од 15 часот, а ќе имате можност да го следите и низ нашата програма.

