Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Составот изменет, но целта е иста – ПОБЕДА !
    Фудбал

    Составот изменет, но целта е иста – ПОБЕДА !

    risteBy riste15/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација како учесник на ЕУРО денес треба да го одигра петтиот натпревар од својата група во Лигата на нации. Противник на нашата селекција денес ќе биде селекцијата на Естонија со која во Талин одигравме 3:3, а до тој резултат стигнавме во последните моменти од натпреварот.

    Селекторот Игор Ангеловски за оваа средба нема да може дасмета на неколку стандардни првотимци кои од различни причини го пропуштаат крајот на оваа сезона во Лигата на нации односно последните две кола. И во ваков случат Ангеловски верува дека квалитетот е  на наша страна и дека овие играчи сега како идни учесници на ЕП треба да покажат квалитет и да го потврдат она што го направија пред само неколку дена.

    Без капитенот Пандев, Алиоски, Адеми, Димитриевски кои настапија во Тбилиси и без Велковски и Барди кои претходно беа надвор од комбинација за настап,Македонија ќе мора да победи доколку сакаат да останат во трка за првото место во групата 2 од Ц сегментот на Лигата на нации.

    Во моментов , Македонија е лидер со 6 бода,колку што има и Грузија која денес ја пречекува Ерменија која е со бод помалку на трето место. Со победа на оваа средба,нашата селекција во последното коло ќе влезе како првопласирана и ќе биде во добра позиција пред конкурентите за освојување на првото место кое ќе не однесе скалило погоре, односно во Б лигата од Лигата на нации.

    Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра денес на арената „Тодор Проески“ со почеток од 15 часот, а ќе имате можност да го следите и низ нашата програма.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.