Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија по победата над Естонија останува лидер и во трка за прво место
    Фудбал

    Македонија по победата над Естонија останува лидер и во трка за прво место

    risteBy riste15/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најдобрата македонска фудбалска селекција забалежа победа во натпреварот од 5.коло во Лигата на нации против репрезентацијата на Естонија со 2:1.

    И покрај тоа што на оваа средба недостасуваа неколку стандардни првотимци во нашата репрезентација сепак Македонија беше фаворит на оваа средба,а со играта го потврди тоа. Нашата селекција дојде до водство преку Иван Тричковски во 29.минута по одличното додавање од Спировски, Тричковски ја сочека топката на 10 метри од голот и веднаш упати удар кој не можеше да го одбрани голманот на Естонија. Тричковсјки имаше уште една убава шанса но неговиот удар со глава успеа на самата гол линија да го одбрани Хеин.

    Во вториот дел Македонија играше добро, но Естонија успеа да израмни во 52.минута преку Сапинен кој упати убав удар, а Шишковски не можеше да направи ништо. Од тој момент Македонија направи уште неколку одлични шанси преку Ристовски, Стојановски и Николов, за во 68.минута Стојановски со удар со глава да го совлада противничкиот голман и да и донесе победа на нашата репрезентација од 2:1.

    Македонија е лидер во групата 2 со девет бода, пред Грузија која има шест и Ерменија со пет бода, а овие две репрезентации играат вечерва. Последното коло ќе се игра на 18 ноември, а нашиот национален тим на неутрален терен во Кипар ќе игра против Ерменија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.