Најдобрата македонска фудбалска селекција забалежа победа во натпреварот од 5.коло во Лигата на нации против репрезентацијата на Естонија со 2:1.
И покрај тоа што на оваа средба недостасуваа неколку стандардни првотимци во нашата репрезентација сепак Македонија беше фаворит на оваа средба,а со играта го потврди тоа. Нашата селекција дојде до водство преку Иван Тричковски во 29.минута по одличното додавање од Спировски, Тричковски ја сочека топката на 10 метри од голот и веднаш упати удар кој не можеше да го одбрани голманот на Естонија. Тричковсјки имаше уште една убава шанса но неговиот удар со глава успеа на самата гол линија да го одбрани Хеин.
Во вториот дел Македонија играше добро, но Естонија успеа да израмни во 52.минута преку Сапинен кој упати убав удар, а Шишковски не можеше да направи ништо. Од тој момент Македонија направи уште неколку одлични шанси преку Ристовски, Стојановски и Николов, за во 68.минута Стојановски со удар со глава да го совлада противничкиот голман и да и донесе победа на нашата репрезентација од 2:1.
Македонија е лидер во групата 2 со девет бода, пред Грузија која има шест и Ерменија со пет бода, а овие две репрезентации играат вечерва. Последното коло ќе се игра на 18 ноември, а нашиот национален тим на неутрален терен во Кипар ќе игра против Ерменија.

