Ракометарите на Еурофарм Пелистер со реми ја отворија европската сезона на домашен терен, откако во рамки од 3. коло на Европската лига одиграа 25:25 против швајцарскиот претставник Кадетен Шафхаузен.
Ракометарите на Жељко Бабиќ и покрај големите проблеми со кои се соочуваа во последниот период, на терен истрчаа со цел да ги израдуваат своите фанови со прва победа и да докажат дека поразот од ГОГ Гудме во Данска беше несреќен.
И покрај одличното прво полувреме кое го донија со 16:10, ракометарите на Еурофарм Пелистер неуспеаа да ја задржат предноста до крај иако водеа со неколку гола разлика до пред самиот крај, а во последната минута имаа и предност од 25:24, но примија гол со кој ја загубија предноста и победата на оваа средба.
Кај домашата екипа најдобар стрелец беше хрватот Стипе Мандалиниќ со шест гола, пет постигна Кушан додека Периќ и Граџан беа стрелци по три пати. Кај Кадетен Шафхаузен, Шелкер не знаеше да промаши, реализираше седум гола од исто удари.

