Ненад Димитријевиќ нема да биде дел од Македонската кошаркарска репрезентација на квалификацискиот турнир во Талин.
Тој не е опоравен максимално откако ја доби битката со Ковид-19 и по препорака на лекарките нема да патува за Естонија. Таму нашите репрезентативци покрај со домаќинот ќе излезат на мегдан и со Италија. Потврда за отсуството на играчот на Хувентуд дојде и од нашата „куќа на кошарката“.
„По вчерашните детални прегледи кои Ненад Димитријевиќ ги направи во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје, препораките се дека дека тој не е во можност максимално да тренира и да се натпреварува“ – изјави Гечевски

