Ракометарите на Вардар 1961 заостанатиот натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите против ПСЖ ќе го одиграат на 1 декември 2020 во Париз. Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври.
Останува да се договорат дополнителните термини за дуелите со Елверум во Скопје и ПИК Сегед во Унгарија кои исто така беа одложени на почетокот на сезоната. Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар која сега ќе се одигра на 4 декември. Овој меч првично беше планиран за 3 декември, но, откако беше договорено дуелот со ПСЖ да се игра на 1 декември, договорено е средбата во Португалија да биде поместена за 1 ден.

