Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Македонија бара победа против Италија за да остане во конкуренција за ЕП
    Кошарка

    Македонија бара победа против Италија за да остане во конкуренција за ЕП

    risteBy riste28/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската репрезентација на Македонија денес ќе се обиде да стигне до победа во квалификациите за Евробаскетот на дуелот против Италија во Талин.

    По воведните два порази од Естонија дома и Русија на гостински терен во февруари, избраниците на селекторот Александар Тодоров мораат да одиграат далеку подобро во овој „ФИБА балон“ ако сакаат добар пласман.

    И покрај тоа што Италија како домаќин на следното Европско првенство има обезбеден пласман, во овие квалификации селекторот Сакети им дава шанса на помлади играчи од домашниот шампионат, што во никој случај не смеат да се потценат. И со ваков состав Италија во фрвруари ги доби дуелите со Русија и Естонија и се први во групата Б.

    Македонија и Италија досега играле само два пати низ историјата и двата пати Италија била поуспешна. Сепак тоа беа пријателски средби во 2011 и 2014 година, кои Италија ги доби со 89:70 и 63:56.Во нашата репрезентација има големи промени во играчкиот состав, но главно ќе биде неиграњето на Ненад Димитријевиќ, кој не доби дозвола да патува за Естонија.

    Селекторот се реши за неколку млади домашни кошаркари, а голема помош треба да биде новото засилување Џејкоб Вајли кој настапува за шпанскиоѕт тим Гран Канарија.
    Натпреварот Македонија – Италија се игра во „Саку Сурхал Aрена” во Талин и започнува од 15:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.