Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, го одреди списокот на патници за утрешното гостување во Словенија кај Тримо Требње.
Мечот во групата „Д“ кој ќе започне во вечерниот термин од 20.45 часот, доаѓа во рамките на новата рунда во Европа лигата на ЕХФ. Хрватскиот стратег се определи да ги остави во Битола, Граџан, Ѓукиќ и Кукуловски.
На табелата засега води Рајн Некар Левен со 4 бодови, Кадетен има 3 а Тримо Требиње и ГОГ по два бода. Битолчани имаат 1 реми и два пораза додека тимот на Татабања е последен без бод.

