Доцна синоќа на 66-годишна возраст почина познатиот кошаркарски работник, Анте Дуковски, кој најголемиот дел од кариерата како играч и како тренер го помина во МЗТ Скопје.
Дуковски ги носеше дресовите на Борец (Велес), Жито Вардар и Работнички а кога се определи да влезе во тренерските води имаше можност да работи со великаните на кошарката не само од нашава земја туку и од непосредното опкружување.
Дуковски имаше повеќе активности и со нашите репрезентации а беше дел и од Спортската Академија. Неговата последна задача ја реазлираше како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП.

