Поради двајца позитивни на Ковид-19, Металург повторно, по вторпат сезонава, ќе оди во двонеделен карантин. Најновите тестирања покажаа дека корона кризата во еден од најдобрите македонски ракометни состави ќе продолжи најмалку уште две недели, а со тоа ќе мора да бидат одложени планираните натпревари.
Металург нема да патува за Русија, во Чехов, каде требаше против Чеховски Медведи да го одиграат двомечот од ЕХФ Европската лига. Дуелите требаше да се играат на 8 и 11 декември, но тоа нема да се случи зошто следува карантин до 16 декември.

