Вечерва и официјално започнува Европското првенство во ракомет за жени. Данците ќе бидат единствените организатори на настанот, откако нивните соседи од Норвешка се откажаа во последен момент.
Олимпискиот шампион Русија и светскиот првак Холандија влегуваат со сериозни амбиции, но најсилни шанси се проценува дека има силната Норвешка. Франција, Шпанија и Данска се исто така меѓу фаворитите.
Денеска на отворањето на турнирот ќе видиме дерби меѓу Русија и Шпанија, но интересни ќе бидат и преостанатите три меча на програмата.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:
18.00 Романија – Германија
18.15 Русија – Шпанија
20.30 Норвешка – Полска
20.30 Шведска – Чешка

