Ракометарите на Вардар до крајот на годинава ќе одиграат еден заостанат меч кој поради пандемијата со ковид-19 мораа да го прескокнат на стартот на сезоната во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ на 22 декември од 20.45 часот ќе гостуваат во Унгарија кај ПИК Сегед. Македонскиот тим кој во изминатиот период беше во изолација поради заразени играчи со ковид-19, набрзo ќе се врати во тренинг процес.
Во досегашниот дел од сезоната која е крајно дискутаблна со оглед на големиот број на одложени средби, Вардарци одиграа пет дуели со ефект од 1 победа, едно реми и три пораза.

