Иако беше одреден нов термин за одигрување на одложениот натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед, истиот е одложен.
За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин во координација со двете екипи, веројатно по завршување на СП во Египет, следната година, објавија од Вардар.
Планирано беше натпреварот со ПИК Сегед да се одигра на 22 декември во 20.45 часот. Вардар се уште има позитивни случаи на Ковид-19 и се уште не е во комплетен тренажен процес, па поради тоа беше побарано одложување на натпреварот.

