Ракометната репрезентација на Норвешка е нов шампион на Европа, откако во финалето ја совлада селекцијата на Франција која ја бранеше титулата со 20:22 (10:14) во меч кој се одигра во салата „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.
Норвежанките ја имаа предноста во поголемиот дел од натпреварот, а во првото полувреме имаа предност од неколку голови, за на одмор да заминат со 14:10. Во вториот дел Франција успеа да се врати во натпреварот и во последните минути да дојдат до негатива од 18:19, но немаа сили да направат целосен пресврт на оваа средба, па Норвешка успеа да го заврши мечот со победа од 22:20.
Најдобри кај новиот европски првак беа Мерк, Скогранд и Кристијансен кои постигнаа по четири гола, додека кај Франција, Фопа реализираше пет гола. Значаен дел од овој успех за Норвешка имаше голманката Солберг која имаше дури 16 одбрани.
За селекцијата на Норвешка ова беше рекордна осма титула европски шампион.

