Ракометарите на Еурофарм Пелистер, попладнево на домашен терен го пречекуваат тимот на Металопластика на стартот на новата сезона во регионалната СЕХА лига. Битолчани новата сеозна од ова натпреварување ја почнуваат со квалитетен ривал за кој тренерот Бабиќ, смета дека годинава има навистина голем потенцијал.
„Потребни ни се натпревари за да можеме да останеме во добар ритам и затоа сите навистина се радуваме на почетокот на СЕХА Газпром лигата. Можам да кажам дека со нетрпение го очекувам мечот со Металопластика предводен од поранешниот селектор на српската репрезентација Веселин Вуковиќ. Се уште ги паметам оние иконски натпревари од неговата генерација кои се една од причините зошто се заљубив во ракометот. Металопластика игра брзо, игра агресивна одбрана од 3-2-1 која честопати успешно ја трансформира во 6-0. Тие имаат навистина добар состав и дефинитивно ќе мора да внимателни, ако сакаме победа“, вели Бабиќ.
Средбата во салата „Боро Чурлевски“ почнува во 17.45 часот.

