Фудбалската федерација на Германија го објави местото каде ќе ја пречека Македонија во квалификациите за СП.
Тие го одредија градот Дуисбург за домаќин на натпреварот меѓу Германија и Македонија, кој треба да се одигра на 31 март следната година. Нашите фудбалски репрезентативци за прв пат ќе играат против овој светски фудбалски гигант и тоа во Дуисбург, односно на арената „МСВ“, чиј капацитет е 31.500 седишта.
Македонија пред дуелот со Германија ќе одигра натпревар 25 март и тоа на гостински терен кај Романија, потоа ја пречекува селекцијата на Лихтенштајн на 28.март па следува гостувањето во Германија. Додека Германија во првото коло исто така на „МСВ“ арената ќе ја пречека селекцијата на Исланд.
Наши противници во рамки од групата Ј во квалификациите за Мундијалот во 2022 година се уште Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

