Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Германија ќе ја пречека Македонија во Дуисбург
    Фудбал

    Германија ќе ја пречека Македонија во Дуисбург

    risteBy riste22/12/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Германија го објави местото каде ќе ја пречека Македонија во квалификациите за СП.

    Тие го одредија градот Дуисбург за домаќин на натпреварот меѓу Германија и Македонија, кој треба да се одигра на 31 март следната година. Нашите фудбалски репрезентативци за прв пат ќе играат против овој светски фудбалски гигант и тоа во Дуисбург, односно на арената „МСВ“, чиј капацитет е 31.500 седишта.

    Македонија пред дуелот со Германија ќе одигра натпревар 25 март и тоа на гостински терен кај Романија, потоа ја пречекува селекцијата на Лихтенштајн на 28.март па следува гостувањето во Германија. Додека Германија во првото коло исто така на „МСВ“ арената ќе ја пречека селекцијата на Исланд.

    Наши противници во рамки од групата Ј во квалификациите за Мундијалот во 2022 година се уште Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.