Кошаркарите на ЛА Клиперс го добија градското дерби со Лејкерси на стартот на новата сезона во НБА лигата. Тие практично во текот на целиот меч имаа контрола врз резултатот и славеа со 116:109 .
Најдобар кај победникот беше Џорџ со 33 поени, пред Ленард со 26 додека Леброн Џејмс реализира 22 поени. Треба да се напомене дека Лејкерси пред мечот ги добија шампионските прстени кои се најскапите во историјата. На истите има симбол во чест на Коби Брајант – „црна мамба“, која е изгравиран зад бројката.
Во вториот меч во текот на ноќта, Бруклин славеше против Голден Стејт со 125:99. Кај домаќинот се истакна Ирвинг со 26 кошеви пред Дурант со 22. Во поразениот состав Вајсман имаше 19 а Вигинс 13 поени.

