Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир на машката сениорска ракометна репрезентација за прстојната ЕХФ недела.
Оваа ЕХФ недела селекторот на Македонија ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.
Планирано е за време на подготовките да бидат одиграни два контролни тренинг натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.
Нашата репрезентација е резерва за СП во Египет и доколку некоја селекција откаже настап, може да се најде на СП во Египет.
Собирот е закажан за 3. Јануари, а можеби едно од изненадувањата е тоа што на списокот ги нема Стојанче Стоилов, Дејан Манасков, Борко Ристовски и Гоце Георгиевски.
Список на селекторот Брестовац за престојната ЕХФ недела:


