Светската ракометна федерација (ИХФ) објави дека публиката ќе биде присутна на Мундијалот кој ќе се реализира од 13 до 31 јануари во Египет.
Иако голем број на спортски настани беа одложени а дел поминаа без присуство на гледачи поради пандемијата со Ковид-19, ИХФ ќе остане на идејата да им дозволи на љубителите на ракометот да ги исполнат салите во Египет.
Познато е дека ние нема да патуваме во земјата на фараоните, но, остануваме прва резерва доколку некоја селекција во последен момент го откаже учеството.

