Македонската ракометна репрезентација, денеска ќе ја започне новата година со прв собир во Скопје. Селекторот Данило Брестовац ќе го искористи овој слободен простор за да ги собере и тестира новите сили, бидејќи на списокот од 23 ракометари недостасуваат искусни ракометари како Стоилов, Манасков, Ристовски и Георгиевски.
Македонија нема да биде дел од Светското првенство во Египет и селекторот Брестовац ќе има простор да одигра две контролни средби со селекцијата на Чиле на 5 и 10 овој месец.

