Нашите најдобри ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат дел од Светското првенство во Египет кое ќе започне кон средината на месецов.
Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска и официјално го ибјави списокот на 19-ет судиски двојки меѓу кои влегуваат и нашите.
Покрај Николов и Начевски, уште 13. судиски двојки се од Европа, три се од Африка и по една од Јужна Америка и Азија.

