Ракометната репрезентација на македонија доживеа иште еден дебакл на Светското првенство во Египет. Во првото коло загубија со 12, а денес во второто коло загубија од Египет со убедливи 38:19 (20:6).
Ова беше уште еден многу лош настап на нашата репрезентација , а се виде уште од почетокот дека не очекува убедлив пораз кога Египет знаеше да го полни голот на Макеоднија од сите позиции. Египет поведе со 10:3, а потоа со серија од 3:0, Македонија намали на 10:6, но потоа следуваше серија од 10:0 на Египет и на одмор се замина со предност од +14, односно 20:6. Се она што се случуваше во второто полувреме беше само формалност за Египет кој ја надградуваше предноста која во еден момент беше и 20 голови разлика. Лазаров, Маркоски и Пешевски со по три гола беа најпрецизни во нашата репрезентација, додека Шебиб со осум гола беше најпрецизен кај Египет.
По двата убедливи порази, Македонија в понеделник ќе ја има последната шанса да продолжи во следната рундана овој Мундијал и ќе го игра клучниот натпревар против селекцијата на Чиле.

