Селекторот на ракометарите, Данило Брестовац, по вчерашниот тежок пораз од „фараоните“ на Мундијалот во Египет, вели дека треба да учиме од домаќинот како се прави генерација за големи резултати.
„Светското првенство треба да ни биде показател како треба да се работи со младите во клубовите. Не очекував таков пораз. Имаме многу грешки и треба да учиме. За мене генерацијава е најдобра, намерно ги одморив поискусните играчи кои ни требаат за дуелот со Чиле“ – вели Брестовац.
Македонија и Чиле утре од 15:30 часот ќе го одиграат решавачкиот меч за пласман во втората фаза. Потоа Шведска и Египет ќе имаат битка за првото место.

