Голманот на нашата ракометна репрезентација, Мартин Томовски, побара мобилизација од соиграчите за утрешниот меч со Чиле на Мундијалот во Египет. Победникот од тој дуел ќе го продолжи престојот на Светското Првенство.
„Треба да дејствуваме заеднички. Мораме да бидеме агресивни и ангажирани на секој натпревар“ – вели Томовски.
„Египет е навистина одлична репрезентација, но, ние им дозволивме да играат лесно. Сега мораме добро да се подготвиме за средбата со Чиле“ – изјави нашиот репрезентативец.
