Од РК Еурофарм Пелистер денес информираа дека средбите со Татабања во рамките на Европската лига ќе ги играат во Битола.
Коронавирусот беше причина за осложување на првиот натпревар во есенскиот дел од сезоната, а сега според постигнатиот договор двата натпрвеари ќе бидат одигани на терентот на Еурофарм Пелистер.
Битолчани се договорија со унгарскиот претставник двата натпревари да ги одиграат на домашен терен. Првиот е закажан на 9 февруари во 20:45 часот, а вториот ден подоцна, со почеток од 17:00 часот.
Ракометарите предводени од Жељко Бабиќ досега одиграа пет натпревара на европска сцена. Имаат една победа, еден нерешен резултат и три порази. Противникот од Унгарија беше далеку понеуспешен, со четири порази од исто толку настапи.
Еурофарм Пелистер очекува одигрување на многу повеќе натпревари и поголеми успеси во пролетната полусезона. За таа цел веќе го обезбедија потписот на Мандалиниќ кој потпиша нов договор, а исто така тимот од Битола ќе биде засилен со египетскиот голман Карим Хендави.

