Пред неколку дена се разделија со Андон Бошковски, а денес тимот на Голден Арт КЛ7 експресно го објави името на новиот тренер што ќе го води тимот во плеј-аутот од Суперлигата.
Станува збор за Игор Котевски, поранешен македонски репрезентативец и ракометна легенда, кој успешно се снаоѓа и во тренерските води години наназад. Од екипата најавуваат и преселба од „Борис Трајковски“ во „Јане Сандански“ каде ќе тренирата и ќе ги играат своите натпревари.
Официјално од утре почнуваат и подготовките за продолжението на сезоната кога новиот тренер ќе ја има првата прозивка со играчите. Котевски ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Суперлигата со КЛ7, а за противници ќе ги има Работнички, Младост Богданци, Прилеп, Тиквеш, Астраион и Радовиш.
Тимот на Голден Арт КЛ7 важи за еден од најпреспективните тимови во Супер лигата, а составен од ракометари кои потекнуваат од ракометните школи на Кире Лазаров.

