Нашите најдобри ракометари по ден одмор, од утре ќе ги започнат мечевите во главната фаза на Мундијалот во Египет. Селекторот, Данило Брестовац, вели дека првичната цел е остварена и дека треба да им се даде поддршка на младите играчи.
„Искрено да кажам, не се сомневав дека ќе го победиме Чиле. Кога ќе повлечеме една црта, тоа беше тимска победа. Задоволен сум и од одредени млади ракометари кои носат позитивен притисок затоа што настапуваат за националниот тим“ – изјави Брестовац за медиумите пред стартот на новата фаза на СП..
Термини за натпреварите од Група 4 во која ќе игра нашата селекција.
20.јануари (среда) Македонија – Словенија (15.30 часот)
22.јануари (петок) Македонија – Русија (15.30 часот)
24.јануари (недела) Македонија – Белорусија (15.30 часот)

