Словенечкиот ракометен стратег Бранко Тамше, пред денешниот меч меѓу Македонија и Словенија, вели дека Словенците како главен проблем во тимот на ова СП го имаат фактот што тимот нема лидер.
“Мислам дека главниот проблем е што стручниот штаб сè уште некако бара лидер на теренот. Играч кој би ја презел диригентската палка на натпреварите и во напад и во одбрана. Има многу квалитетни играчи и многу силни личности во тимот, но сега потребно е да се изберат оние кои се во најдобра форма во моментот. Улогите треба да се поделат, потребно е да се знае кои се главните актери што придонесува за создавање одличен тим. Само на овој начин репрезентацијата ќе функционира како еден“, вели Тамше.
На прашањето што очекува од вториот дел на првенството, Тамше додаде:
„По ова што го видов, очекувам сигурна победа над Македонците, а натпреварите против Шведска и Египет ќе бидат неизвесни“.

