Шпанците Игнасио Гарсија и Андреу Марин ќе бидат судии на денешниот меч на нашата ракометна репрезентација против селекцијата на Словенија.
На стартот на втората фаза од СП во Египет, денеска нашите ракометари го играат првиот меч од 15.30 часот. Светската ракометна федерација ги одреди шпанските судиите за денешниот дуел.

