Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија со пораз ја отвори главната фаза на СП во Египет
    Ракомет

    Македонија со пораз ја отвори главната фаза на СП во Египет

    risteBy riste20/01/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија со пораз го започна настапот во главната рунда на СП во Египет, нашата селекција загуби убедиво од Словенија со 21:31 (9:13).

    Македонија добро го започна натпреварот и во првите минути имаше предност од два гола разлика (4:2, 5:3 и 6:4) , но потоа Словенија направи пресврт и поведе со 7:6, а на тоа добро одговорија нашите репрезентативци и три пати го израмнуваа резултатот (7:7, 8:8 и 9:9). Потоа следуваше вистинска криз аво нападот на нашата ракометна селекција и цели девет минути до крајот на првиот дел не успеа да постигне гол, а тоа го искористи Словенија која успеа да направи предност од +4 и на одмор да замине со водство од 13:9.

    Во вториот дел повторно лоша игра на нашта репрезентација во нападот и неколку минути не успеавме да постигнеме гол, а тоа знаеше да го казни Слоенија и да дојде до предност од 15:9, а од тој момент константно ја зголемуваше предноста која од минута во минута се зголемуваше за максималните +10 на крајот од натпреварот 21:31.

    Наш најдобар ракометар и денес беше капитенот Кире Лазаров, овој пат со пет гола, а по три гола реализираа Кузмановски, Талески и Танкоски. Кај победникот прв стрелец беше Гајиќ со седум гола, а на голот фантастичен беше Лесјак со 16 одбрани. Следен противник на Македонија ќе биде Русија со која ќе играме во петок од 15.30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.