Ракометната репрезентација на Македонија со пораз си заминува од СП во Египет. Во последниот меч од главната рунда, Македонија загуби и од Белорусија со 30:26 и со тоа со само една победа го заврши настапот на 27. СП во Египет.
Нашиот национален тим денеска имаше солиден меч се до 40. минута, кога дојде до целосен пад во играта што го искористија Белорусите да направат комотна предност која на крајот им донесе посакувана победа.
Најдобар стрелец кај нас беше Лазаров со 7 гола, пред Пешевски и Кузмановски постигнаа по 4. Кај селекцијата на Белорусија, Кулеш запиша 7, а Астрашапкин имаше 5 погодоци.

