Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Челзи и Френк Лампард се разделија, клубот се заблагодари на својата легенда
    Фудбал

    Челзи и Френк Лампард се разделија, клубот се заблагодари на својата легенда

    risteBy riste25/01/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Челзи на својата официјална веб-страница ја објави разделбата со главниот тренер Френк Лампард .

    „Тоа беше многу тешка одлука што сопственикот и управата на клубот не ја направија лесно. Благодарни сме му на Френк за она што го постигна за време на неговиот мандат како главен тренер. Сепак, неодамнешните резултати и перформанси не ги исполнија очекувањата на клубот, оставајќи го тимот на средината на табелата без јасен пат за подобрување. Никогаш не може да има вистинско време да се разделиме со легендата на клубот како Френк, но по долго размислување беше донесена одлука да се направат измени за да се даде време за подобрување на перформансите и резултатите оваа сезона“, се вели во соопштението на клубот.

    Сопственикот на клубот Роман Абрамович исто така даде изјава во врска со разделбата со Лампард.
    „Ова беше многу тешка одлука за Клубот, не само затоа што имам одлични лични односи со Френк и имам најголема почит за него. Тој е човек со голем интегритет и има највисока работна етика. Сепак, под сегашни околности сметаме дека е најдобро да се смени менаџерот. Во име на сите во Клубот, Одборот и лично, би сакал да му се заблагодарам на Френк за неговата работа како Главен тренер и да му посакам успех во иднина. Тој е важна икона на овој голем клуб и неговиот статус тука останува несмален. Тој секогаш ќе биде срдечно пречекан назад на „Стемфорд Бриџ“ изјави Абрамович.

    Клубот нема да дава дополнителен коментар сè додека не биде назначен нов Главен тренер.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.