Челзи на својата официјална веб-страница ја објави разделбата со главниот тренер Френк Лампард .
„Тоа беше многу тешка одлука што сопственикот и управата на клубот не ја направија лесно. Благодарни сме му на Френк за она што го постигна за време на неговиот мандат како главен тренер. Сепак, неодамнешните резултати и перформанси не ги исполнија очекувањата на клубот, оставајќи го тимот на средината на табелата без јасен пат за подобрување. Никогаш не може да има вистинско време да се разделиме со легендата на клубот како Френк, но по долго размислување беше донесена одлука да се направат измени за да се даде време за подобрување на перформансите и резултатите оваа сезона“, се вели во соопштението на клубот.
Сопственикот на клубот Роман Абрамович исто така даде изјава во врска со разделбата со Лампард.
„Ова беше многу тешка одлука за Клубот, не само затоа што имам одлични лични односи со Френк и имам најголема почит за него. Тој е човек со голем интегритет и има највисока работна етика. Сепак, под сегашни околности сметаме дека е најдобро да се смени менаџерот. Во име на сите во Клубот, Одборот и лично, би сакал да му се заблагодарам на Френк за неговата работа како Главен тренер и да му посакам успех во иднина. Тој е важна икона на овој голем клуб и неговиот статус тука останува несмален. Тој секогаш ќе биде срдечно пречекан назад на „Стемфорд Бриџ“ изјави Абрамович.
Клубот нема да дава дополнителен коментар сè додека не биде назначен нов Главен тренер.