Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Мукаетов доби поддршка од ракометните клубови во Македонија
    Ракомет

    Мукаетов доби поддршка од ракометните клубови во Македонија

    risteBy riste25/01/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна федерација веќе го закажа организирањето на Изборното Собрание за избор на претседател на РФМ.

    Актуелниот прв човек на РФМ, Живко Мукаетов повторно се кандидира за позицијата претседател, а сите клубови од Македонија му изразија поддршка. Со официјален документ, на кој се потпишаа и ставија клупски печати, сите македонски екипи застанаа зад сегашниот претседател, што е доказ дека Мукаетов одлично ја вршел својата работа досега.

    Со овој допис во кој клубовите ја изразуваат поддршката за Мукаетов станува јасно дека на 31 јануари нема да има многу дилеми кој ќе продолжи да ја води федерацијата. Бидејќи еден клуб не може да даде поддршка на двајца претседателски кандидати, тоа значи дека Живко Мукаетов ќе биде претседател најмалку до 2025 година.

    Изборното Собрание на РФМ е закажано за 31 јануари во хотелот Александар Палас со почеток во 12:00 часот. Сите делегати од машките и женските клубови застанаа зад Мукаетов, па тоа значи дека ќе бидеме сведоци на реизбор на Муакетов за прв човек на федерацијата за уште еден мандат.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.