Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија ќе бара нов селектор, РФМ и Данило Брестовац спогодбено ја прекинаа соработката
    Ракомет

    Македонија ќе бара нов селектор, РФМ и Данило Брестовац спогодбено ја прекинаа соработката

    risteBy riste26/01/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната Федерација на Македонијa претпладнево објави дека македонската куќа на ракометот и селекторот Данило Брестовац взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори. Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период од јуни 2019 до јануари 2021 година.

    Брестовац ја предводеше напата репрезентација на штотуку завршеното Светско првенство каде Македонија го освои 23-тото место со остварена една победа и пет порази на шест одиграни натпревари.

    Ракометната федерација на Македонија ќе мора бргу да рагира со избор на наследник на Данило Брестовац затоа што во март не очекуваат два натпревари со Данска во квалификациите за Европското првенство во Словачка и Унгарија 2022 година.

    Македонија е во добра позиција со победита над Финска и Швајцарија и очекува пласман на ова ЕП. Кој ќе биде новиот селектор на нашата ракометна репрезентација ќе се знае најверојатно по Изборното собрание на РФМ кое е закажано за 31.јануари во Скопје, а на кое актуелниот претседател Живко Мукаетов треба да ја добие нов мандат.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.