Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Васко Шеваљевиќ е нов член на Вардар 1961
    Ракомет

    Васко Шеваљевиќ е нов член на Вардар 1961

    risteBy riste27/01/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Васко Шеваљевиќ (32) во следните 18 месеци ќе биде член на тимот на Вардар 1961. Шеваљевиќ веќе утре ќе пристигне во Скопје и ќе се приклучи на тренинзите на тимот.

    Шеваљевиќ игра на левата бековска позиција и ќе биде засилување за „црвено-црните” во пролетниот дел на сезоната во која вардарци имаат многу згуснат календар.

    Црногорецот нема да биде во составот за средбата со Војводина што се игра утре попладне во 17,45 часот, но ќе конкурира кај тренерот Алушовски за следните дуели, па и оној со Нексе на 1 февруари во Скопје.

    Овој ракометар потекнува од Ловќен, Црна Гора, а во кариерата има играно и за екипите на Сан Антонио (Шпанија), Динамо Минск (Белорусија), Хановер (Германија), Тулуз (Франција), Трембле (Франција) и во последните две години во Истр (Франција). Стандарден репрезентативец на Црна Гора и капитен на последното ЕП во Австрија. Зад себе има настапи на последните 4 ЕП во сениорска конкуренција за Црна Гора.

    Шеваљевиќ сезонава на десет средби има 35 гола, а минатата на 18 постигна 77.

    „Со доведувањето на Шеваљевиќ ја засилуваме бековската линија за која увидовме дека и треба дополнителен играч. Со неговото ангажирање сметаме дека ќе бидеме уште поконкурентни во продолженито на сезоната и ќе ги оствариме нашите цели а тоа е четврт-финале на ЕХФ лигата на шампионите, Ф4 во СЕХА лигата и титулата во домашното првенство“, изјави Михајло Михајловски, претседателот на Вардар 1961.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.