Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»РК Вардар 1961 го потврди трансферот на Анте Кудуз
    Ракомет

    РК Вардар 1961 го потврди трансферот на Анте Кудуз

    risteBy riste31/01/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Од РК Вардар денес и официјално го потврдија трансферот на Анте Кудуз.

    Од следната сезона на позицијата лев бек во тимот на Вардар 1961 ќе игра хрватскиот интернационалец Анте Кудуз (25). Македонскиот првак потпиша двегодишен договор со Кудуз и тој во Скопје би требало да остане до летото 2023 година. Кудуз (202 см.) доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде настапува и лани беше прогласен за најдобар играч во првенството на Романија. Лани настапуваше со Динамо Букурешт во групната фаза од ЛШ, во група Д. Со екипата избори пласман во осминафиналето на ЛШ, но беа откажани натпреварите и административно беа одредени учесниците за Ф4 турнирот.

    Кудуз таа сезона постигна 61 гол, а особено значајно беше неговата улога токму во дуелите со Спортинг во елиминациите и пласманот за осминафиналето. Сезонава на 4 натпревари во Лига Европа досега постигна вкупно 11 гола. Буkурешт е во група со Спортинг, Кристијанстад, Фуксе Берлин, Татран Прешов и Ним.

    Во својата кариера Кудуз има настапувано за Осијек, Вараждин, Дижон (Франција), Винтертур (Швајцарија). Лино Червар го повика и на квалификацискиот дуел со Белгија за пласман на ЕП 2020 година, и Кудуз постигна 1 гол. Беше и на поширокиот спиок за ЕП 2020.

    „Со ангажирањето на Кудуз би требало да добиеме на шутерски начин уште подобра лева страна и играч што ќе може да биде уште поубоит кон противничкиот гол. Неговите игри во Динамо, особено во Лигата на шампионите беа одлична препорака. Верувам дека ќе успее да се вклопи во нашата концепција и систем на играње. Вардар веќе го создава тимот за следната сезона и сакаме да имаме повеќе расположливи квалитетни играчи на сите позиции. Очекуваме костурот на тимот да го задржиме, и со засилувањата Вардар да биде уште поконкурентни на меѓународна сцена“, вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961.

    Вардар 1961 за од следната сезона го договори и десното крило Дарко Ѓукиќ, а од сега на полусезона пристигна и Васко Шеваљевиќ кој ќе остане 1,5 сезона во Скопје.

    Вардар 1961 сезонава игра во група А во ЛШ заедно со Мешков, Флензбург, Порто, Кјелце, Порто, ПИК Сегед и ПСЖ. Во регионалната СЕХА лига, „црвено-црните” се во група со Војводина, Нексе и Мотор Запорожје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.