Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ, на крајот на сезоната ќе се врати во татковината во редовите на ППД Загреб, потврди денеска хрватскиот состав.
Во информацијата лиферувана до медиумите, ППД Загреб наведува дека крилото на селекцијата на „коцкестите“ се согласило за тригодишна соработка. Чупиќ кој со Вардар освои две титули во Лигата на шампионите, се израдувал и на седум медали со репрезентацијата и тоа четири бронзени и три сребрени.
Тој досега ги бранеше боите на: Кјелце, Рајн-Некар Ловен, РК Горење Велење, СД Октавио Виго, РК Медвешчак и РК Метковиќ.

